Вил Смит на шега го снимал прегледот, но лекарите откриле нешто опасно во неговиот стомак

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вил Смит на шега го снимал прегледот, но лекарите откриле нешто опасно во неговиот стомак

Лекарката на Вил Смит (51) го натерала славниот актер да се подложи на колоноскопија, што и го сторил, но како што самиот рекол – од шега! Тој мислел дека прегледот е безопасен и решил да го снима шегувајќи се дека со голиот задник ќе достигне бројка од 50 милиони следбеници на „Инстаграм“.

Но, за време на прегледот на Вил му бил пронајден полип на дебелото црево.

„Лекарот го пронајде полипот, го отстрани и го испрати на анализа. Се утврди дека е преканцерозен полип и од овој тип кај 95 отсто од случаите се развива карцином“, му соопштила на Вил неговата лекарка, д-р Ајла Стенфорд, преку видеоповик.

„Ако не направевте колоноскопија, ова ќе продолжеше да расте“, додала таа.

Вил Смит ѝ се заблагодарил на лекарката што го натерала да го направи прегледот.

„Кога снимав, мислев дека ќе биде забавно, но не можев ни да замислам дека ќе ми најдат преканцерозен полип. Ви благодарам, како и за тоа што се согласивте да зборувате и да го споделите ова со мене во целиот свет. Луѓето треба да се грижат за себе и да живеат колку што може повеќе“, изјавил Смит.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата