(Видео) Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ земјоделците добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта

9.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ земјоделците добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта

Новите развојни мерки и програми обезбедуваат целосна и навремена поддршка, намалени трошоци, а со тоа и повеќе пари кај земјоделците, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата..

Таа нагласи дека годинава, за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, популарно наречена „зелена нафта“.

„Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат полјоделски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта за земјоделската механизација.

Со ова финаниско олеснување на земјоделците, им се намалуваат трошоците за производство, со што остануваат дополнителни пари во нивниот домашен буџет“ изјави Прентовиќ.

Вкупната државна поддршка за мерката, како што рече Прентовиќ, изнесува 200 милиони денари или околу 2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

„Остануваме посветени на спроведување на земјоделските политики што обезбедуваат повисока дирекна и индирекна помош, поголема контрола и одговорност и на државата и на земјоделците. Воведуваме мерки што ќе го унапредуваат, развиваат и постепено ќе го прилагодуваат земјоделството кон стандардите на европската унија со цел развој, конкурентност и повисок приход во една од најзначајните гранки во нашата држава“ порача Прентовиќ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата