(Видео) Заев во Иловица и Штука: Одлуките ги носиме да бидат корисни за сите за економскиот развој на регионот

9.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Заев во Иловица и Штука: Одлуките ги носиме да бидат корисни за сите за економскиот развој на регионот

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука, по основ на актуелно прашање за струмичкиот регион, за Општина Босилово и Општина Ново Село.

Се работи се отворањето на рудникот во овој регион и за компанијата „Евромакс ресурсис“ која, како што рече Заев, е добитник на Договор за експлоатација, а немаат дозвола за експлоатација.

„Немаме намера овде да носиме некои заклучоци како што реков информативна е седницата. Поради тоа, верувам дека тоа ќе помогне и на Владата, но ќе им помогне и на граѓаните за полесно да ги разбереме работите. Доволно се секаков вид на шпекулации, кои што ги има пред се по социјалните мрежи најповеќе, но и дел од нашите медиуми пренесуваат секаков вид на информации. Убаво е, граѓаните да знаат за било која работа се, посебно за вака чувствителни работи. Уште еднаш потенцирам, нема позначаен приоритет за нас како Влада, верувам и за било која Влада, од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијата која што ја имаат нашите граѓани, но секако и желбата да децата останат овде да живеат овде, да чекаме деца од нашите деца, внуци. Така да, верувам дека денеска ќе имаме плодна средба на која што ќе излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука“, изјави премиерот Заев.

На прашањето каква е безбедноста со отворањето на овој рудник, како и со останатите рудници во земјата, премиерот Заев рече секако дека има.

„Да напоменам дека поради постоењето на одредени рудници, цели градови и цели општини опстојуваат, живеат од тие рудници. Тука е опфатена и безбедноста и сигурноста и здравјето и сето она што претставуваат нормативи на нашето усогласено законодавство во Репубика Македонија, но и она што претставува меѓународна пракса, затоа што минералните суровини се потенцијал за развој на сите во светот, така и на нашата Македонија, но не под било какви услови. Од тука треба да знаете дека во овој, еве 20 месечен период, се променија многу работи. Имаше дадено концесија овде, со цијаниди, со други отровни супстанции, кои што и те како поради гласноста на граѓаните ги принудија политичарите, како што сум и јас, да ги промениме работите“ рече Заев.

Тој нагласи дека целиот технолошки процес е променет и дека нема повеќе цијаниди и опасни материи во обработката на рудата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата