Сите зборуваат за ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, а малкумина знаат дека ОВА Е ТОА

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите зборуваат за ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, а малкумина знаат дека ОВА Е ТОА

Емоции, емоционална интелигенција и емоционална писменост. Да се биде емоционално писмен значи да се знае како да се управува со сопствените емоции. Учењето на емоционалната писменост не учи како се изразуваат чувствата, како и кога да се изразуваат и како тие влијаат врз другите.

Поетски кажано, да се биде емоционален гурман, свесен за текстурата, мирисот и вкусот на емоциите. Кај секој од нас се преплетуваат емоционалната и интелектуалната остроумност; луѓе со висок IQ и ниска емоционална интелигенција, наспроти стереотиповите, се релативно ретки. Емоционалната писменост им помага на емоциите да работат за нас, наместо против нас.

Што се емоции?
Емоциите претставуваат суштински дел од човековата природа. Ако се трудиме да ги изолираме или потиснеме – губиме еден фундаментален аспект од нашите човечки способности. Преку осознавањето и управувањето на сопствените емоции и со слушање и реагирање на емоциите на другите луѓе, се зголемува сопствената лична моќ. Зборот емоција претставува термин за чие вистинско значење филозофите и психолозите спорат повеќе од еден век.

Во најбуквална смисла, емоцијата е дефинирана како „ какво било возбудување или вознемирување на умот, чувствата страстите; каква било состојба на бес или неспокојство“. Сепак, емоција може да подразбира чувства и разновидни мислења, психолошки или биолошки состојби и дијапазон од разновидни можности на однесување. Постојат стотици емоции, заедно со нивните хибриди, варијации, мутации и ниjанси. Секако, емоциите се многу попрефинети од зборовите што постојат со кои можат да се опишат.

Истражувачите продолжуваат со расправата за тоа која емоција би требало да се смета како примарна – сино, црвено или жолто чувство од кое произлегуваат сите основни нијанси – и се до тоа дали такви основни емоции воопшто постојат. Некои теоретичари предлагаат основни групирања, иако сите не се согласуваат околу нив. Основните претенденти, или некои од членовите на групите се:

Бес: навредливост, гнев, раздразливост, огорченост, вознемиреност, лоша волја, лутина, нетолерантност, одбивност, омраза и насилство.
Тага: јад, болка, жалост, нерасположение, мрачност, депресивност, самосожалување.
Страв: вознемиреност, стравување, нервоза, загриженост, констернација, несигурност, лабилност, сомневање, раздразливост, престрашеност, ужас, фобија и паника.
Уживање: среќа, радост, опуштеност, задоволство, восхит, воодушевување, ведрина, гордост, сетилно уживање, возбудување, пријатност, сатисфакција, еуфорија, непредвидливост, екстаза и манија.
Љубов: прилагодливост, дружељубивост, добрина, доверба, привлечност, верност, обожување, залуденост.
Изненаденост: шок, вџашеност,восхитеност, чудење.
Одвратност: презир, потценување, омаловажување, гадење, аверзија, ненаклонетост, одбивност.
Срам: вина, непријатност, покајување, понижување, жалење, тагување.

Сепак оваа поделба не ги разрешува сите прашања околу категоризацијата на емоциите. Аргументот дека постои грст од основни емоции, до одредена мера е потврден со откритието на Пол Екман, според кого постојат четири основни емоции – страв, бес, тага, уживање – препознатливи за луѓето насекаде во светот вклучувајќи ги и неписмените кои емоцијата ја препознаваат според фацијалната експресија.

Што претставува емоционалната интелигенција?
Терминот „Емоционална Интелигенција“ (ЕИ) е нова тема на истражување која станува се попопуларна во последните неколку години особено во полето на применетата психологија како и во полето на популарната психологија претставувана најмногу од Даниел Големан (1995). Постојат голем број на дефиниции и мислења за тоа што претставува ЕИ. Низ литературата овој термин е дефиниран како: когнитивна способност која вклучува процесирање на емоциите; како однесување и вештина како и збир на различни квалитети кои не се IQ.

Интелектуалната и емоционалната интелигенција не се спротиставени, туку одделни способности. Кај секој од нас се преплетуваат емоционалната и интелектуалната остроумност; луѓе со висок IQ и ниска емоционална интелигенција, наспроти стереотиповите, се релативно ретки. Исто така постои едвај видлива врска помеѓу IQ и некои видови емоционална интелигенција, многу незначителна за да ги раздели потполно овие ентитети.

Академската интелигенција нема многу врска со емоционалниот живот. И најумните можат да пропаднат во плитките води на раскалашните и неконтролирани пориви; луѓе со висок IQ можат да бидат исклучително невешти водичи во животот. Постојат големи отстапувања од правилата дека со IQ може да се предвиди успехот – многу повеќе има исклучоци од постоечките примери кои го потврдуваат правилото. Во 20 % од случаите IQ дава придонес на факторите кои го одредуваат успехот во животот, додека во 80 % влијаат други фактори. Како што забележува еден истражувач: „Поголемиот дел на човековиот успех во животот и општеството е одреден со влијанија кои немаат врска со IQ, од општествениот статус, па се до индивидуалната среќа“.

Емоционална писменост
Да се биде емоционално писмен значи да се биде способен да се управува со емоциите на начин што ја зголемува личната моќ и го подобрува квалитетот на животот за единката и за луѓето околу неа. Емоционалната писменост им помага на емоциите да работат за нас, наместо против нас. Таа ги унапредува човечките меѓусебни врски, овозможува односи меѓу луѓето исполнети со љубов, создава кооперативна клима за работа и дава можност за развивање на чувството на заедништво. Секој може да научи по нешто за своите емоции. Некои луѓе низ процесот на растење се здобиваат со високо ниво на емоционална писменост, меѓутоа малкумина на полето на емоциите се онолку мудри колку што би можеле да бидат.

Да се биде емоционално интелигентен значи да се распознаваат сопствените емоции и емоциите на другите, колку се тие силни и што ги предизвикува. Да се биде емоционално писмен значи да се знае како да се управува со сопствените емоции. Учењето на емоционалната писменост не учи како се изразуваат чувствата, како и кога да се изразуваат и како тие влијаат врз другите. Поетски кажано, да се биде емоционален гурман, свесен за текстурата, мирисот и вкусот на емоциите. Успешното усогласено работење на рационалните вештини и емоционалните вештини се подобрува со емоционалната писменост. Емоционално писмените луѓе воспоставуваат добри односи како родител, партнер, колега, другар, учител и љубовник.

Aвтор: Автор: М-р Благица Ризоска e предавач и консултант, главен и одговорен уредник на Global HR. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата