Xiaomi Mi CC9 Pro ќе има 32MP селфи камера и двоен OIS

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi Mi CC9 Pro ќе има 32MP селфи камера и двоен OIS

Xiaomi потврди дека Mi CC9 Pro ќе биде официјализиран на 5. ноември (на глобално ниво ќе пристигне на 14. ноември како Mi Note 10), и ќе има батерија со капацитет од 5260mAh и поддршка за брзо полнење од 30W. Кинеската компанија сега објави дека телефонот ќе има селфи камера од 32MP на предната страна.

Оваа селфи камера ќе има карактеристики како што се фотографирање под широк агол, портрет режим, филтри во 12 стилови и друго.

Xiaomi исто така истакна дека Mi CC9 Pro ќе има пет камери на задната страна, со OIS поддршка на два модула. Едниот модул ќе има 5x телефото објектив, каде OIS ќе овозможи фотографирање без движење и треперење, додека вториот веројатно ќе биде OIS за главната камера и ќе служи при фотографирање во услови на послаба осветленост.

Не делат само неколку денови од објавата на Xiaomi Mi CC9 Pro, а можно е дека Xiaomi ќе објави уште некои детали за уредот пред неговата официјална презентација.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата