Глобалниот пазар на смартфони забележа раст во третиот квартал

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Глобалниот пазар на смартфони забележа раст во третиот квартал

Аналитичката компанија Canalys објави извештај за генералната состојба на пазарот на паметни телефони во третиот квартал од 2019 година, кој заврши на 30. октомври. Во извештајот се открива дека глобалната испорака на смартфони остварила раст од еден процент на годишно ниво. Иако ова можеби не изгледа како многу, ова е всушност прв пат да биде остварен раст на испораките во последните две години, бидејќи пазарот бележи константен пад уште од четвртиот квартал на 2017. година.

Најголем придонес за овој раст на пазарот даде компанијата Huawei, која испорача 66,8 милиони уреди за време на овој период, што е за 29 проценти повеќе во однос на претходната година. Samsung, исто така, забележа  раст од 11% на годишно ниво, испорачувајќи 78,9 милиони смартфони. Јужнокорејската компанија ја задржа првата позиција според испораките, пред Huawei и Apple, кои забележаа пад од седум проценти.

Меѓу првите пет брендови по испорака се наоѓаат уште и Xiaomi (со пад од 3%) и Oppo, кој забележа раст од седум проценти на годишно ниво.

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата