Заев: Свесни сме дека платите во образованието се мали, но толкави се капацитетите на државата

25.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Свесни сме дека платите во образованието се мали, но толкави се капацитетите на државата

Свесни сме дека платите во образованието се мали, но толкави се капацитетите на државата, изјави премиерот Зоран Заев, по најавите од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) дека на 11 ноември ќе штрајкуваат и дека не го прифаќаат најавеното зголемување на платите од 10 отсто во април следната година.

„Јас ги почитувам работничките права. Правиме максимални напори, ако се откажат од тие 10 отсто, а тешко ги наоѓаме парите, ќе видиме што ќе направиме. Свесни сме дека се ниски платите во образованието, но капацитетите на државата се тие. Двапати веќе ги зголемивме платите во образованието од по 5 отсто и зборуваме од 1 април за ново покачување од 10 отсто“, рече Заев.

Тој апелира до СОНК на разумност и разбирање.

„Апелирам до СОНК за разумност. Верувам дека ќе изнајдеме заемно прифатливо решение“, порача Заев.

Синдикатот на образованието ја отфрли понудата на Министерството за образование и наука за покачувањето на платите од 10 отсто од април и бараат зголемување од јануари, но не за 10 проценти, туку повеќе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата