(Видео) Трипуновски: Неодговорната власт чекаше една недела од влезот на заразеното месо во државата за да земе мостри од истото

22.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Трипуновски: Неодговорната власт чекаше една недела од влезот на заразеното месо во државата за да земе мостри од истото

Неодговорното однесување на власта го доведува во прашање здравјето на граѓаните и безбедноста на сточниот фонд во Република Македонија, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, две недели поминаа откако во државата е утврдено присуство на болеста Африканска свинска чума во увезено свинско месо, а граѓаните, како што рече, се уште не знаат дали е преземено се што е потребно за да се превенира ширење на ова заразно заболување.

„Неодговорната власт предводена од СДСМ, и АХВ раководена од Зоран Атанасов, кадар на Зоран Заев, нестручно и крајно несериозно чекале една недела од влезот на заразеното месо во државата за да земат мостри од истото.

Дали заразеното месо дошло во контакт со други пратки кои биле во складиштето!? Колку уште случаи на Африканска свинска чума ќе излезат во јавност како последица на неодговорноста на власта!?

Зоран Заев и Зоран Атанасов мора да дадат одговори до каде е истрагата за потеклото на увезеното месо и дали се преземени сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на вирусот на Африканска чума кај свињите во Македонија?

Власта мора да одговори дали за да овозможи нечии милионски бизниси го доведува здравјето на граѓаните и безбедноста на сточниот фонд во опасност!?

Неодговорниот однос при пристапот со Африканската свинска чума во период кога истата беснее на секаде во регионот и е потенцијална опасност за влез и ширење на болеста во Република Македонија,со што директно се загрозува свињарството и производството на домашно свинско месо е недопустлив.

Зоран Заев и Зоран Атанасов се на чекор да направат 100 милиони евра штета врз домашното стопанство. Апелирам во овие неколку месеци кои им остануваат како власт да не прават непромислени чекори. Земјоделството не може да издржи уште една катастрофа“ истакна Трипуновски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата