Еве каква влада предвидува „Пржинскиот договор“

20.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве каква влада предвидува „Пржинскиот договор“

Премиерот Зоран Заев  најави организирање на брзи предвремени избори кои ќе се одржат на 12-ти април догодина. Согласно договорот Заев нема да биде веќе премиер од 3 јануари догодина како што се предвидува во „Пржинскиот модел“.

Примената на овој модел пред сите избори беше договорена на лидерска средба помеѓу четирите најголеми политички партии. Собранието ги изгласа овие измени со 99 гласа „за“. Овој модел за прв пат беше применет пред последните парламентарни избори, кога технички премиер беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ, која тогаш беше во опозиција меѓудругото доби министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Измените на Законот за влада, во кои е вграден „Пржинскиот модел“ предвидуваат 100 дена пред денот на одржување на избори за пратеници во Собранието, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.

Предвидено е и да се избере нов министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика на предлог на опозицијата со најголем број на пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Оваа „пржинска влада“ предвидува и дополнителни заменици министри за надворешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката партија. На предлог на опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата