СЛАВЕШЕ ПОБЕДА, ПА СЕ ЗАБИ ВО ПОЛИЦИЈА: Албин Курти имал сообраќајка во Албанија (ФОТО)

20.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЛАВЕШЕ ПОБЕДА, ПА СЕ ЗАБИ ВО ПОЛИЦИЈА: Албин Курти имал сообраќајка во Албанија (ФОТО)

Албин Курти имал сообраќајна несреќа во Албанија, дознава Ало.рс.

Несреќата се случила на автопатот Тирана-Драч, на излезот од аеродромот. Возило марка „Волво“ удрило одзади во полициско возило.

Според првичните информации во автомобилот бил Албин Курти, кој со полициска придружба бил пренесен во Тирана.
Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, во која нема повредени.

Курти денеска беше во Тирана да ја прослави својата изборна победа.

Сообраќајката се случила на пат за назад кон дома. 

„Дојдов да ја славам победата. Косово и Албанија ќе соработуваат повеќе. Мораме да бидеме внимателни во односите со Србија, знаеме што ни направи Србија “, рече тој.

Ова е прв пат политичката партија во Тирана да прославува изборен резултат со своите приврзаници.

На прашањето дали ќе има состанок меѓу него и Еди Рама, Курти рече дека дошол да ја прослави својата победа на парламентарните избори на 6-ти октомври.

„Нема да имам повеќе состаноци, само ќе славам“, рече тој, додавајќи дека тој ќе се врати вечерва во Косово, не можејќи да се сретне со албанскиот премиер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата