Американскиот производител на спортска оперма „Најк“ има необично барање од Барселона.

Каталонците оваа зима го завршија трансферот на 21 годишниот холандски играч за врска Ајакс, Френки Де Јонг, а Барселона од „Најк“ доби посебно барање за овој фудбалер.

Тие сакаат на неговиот дрес да стои името Френки место презимето Де Јонг и тоа од спонзорски причини, но тоа не е се. Исто така младиот играч за врска го зема дресот со број 21 кој го носеше во Ајакс.

Засега бројот 21 во Барселона го носеше Карлос Алења, но за играч платен 75 милиони евра избирањето број не би требало да биде проблем.