Масовна тепачка во Миладиновци! Причината меѓусебна нетрпеливост

20.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масовна тепачка во Миладиновци! Причината меѓусебна нетрпеливост

Во текот на вчерашниот ден во 15:40 часот во СВР Скопје, Б.Д.(47) од с.Миладиновци, Скопско, пријавил дека околу 15:30 часот на ул.„10“ во с.Миладиновци, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до физичка пресметка меѓу Е.Д.(18) од с.Миладиновци и 17-годишен малолетник од Скопје од една страна, и И.М.(42) и Ф.М.(19), и двајцата од с.Миладиновци, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата