Нант го повлече дресот со бројот 9 во спомен на Сала

8.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нант го повлече дресот со бројот 9 во спомен на Сала

Фудбалскиот клуб Нант одлучи да го повлече дресот со бројот девет во знак на сеќавање на загинатиот играч Емилијано Сала.

Телото на несреќниот фудбалер беше извлечено од потонатиот авион од дното на Ламанш, додека и натаму се трага по телото на пилотот на авионот, Дејвид Иботсон.

„Оваа вест става точка на еден тежок период на чекање, Емилијано секогаш ќе биде дел од легендата која ќе биде и дел од историјата на нашиот клуб”, стои во соопштението на клубот.

Исто така, беше објавено дека во шампионатот на Франција во Лигата 1 и Лигата 2 во сите натпревари ќе биде минута тишина во спомен на починатиот фудбалер кој доживеа авионска несреќа кога замина од Нант за Кардиф каде што требаше да ја продолжи кариерата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата