Украинец му го пресекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинец му го пресекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата

Маж од Украина му го одсекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата, во близина на нивниот дом во Украина. Додека се враќал дома во селото Шеченково, 27-годишниот маж видел како некој му ја силува жената, пишува „Дејли мејл“.

Жената била излезена во ресторан со пријателки и заминала кон дома околу еден часот по полноќ. Била нападната недалеку од дома од 25-годишниот Дмитри Иченко, кој ѝ ја покрил устата за да не може да вика и ја одвлекол во грмушките покрај патот.

Како што пренесува „Дејли мејл“, нејзиниот сопруг пристигнал по десетина минути и слушнал некакви звуци од грмушките, па се приближил и видел како Иченко му ја силува жената. Прво го удрил по главата, а потоа извадил нож и му го пресекол пенисот. Вриштењето на силувачот ги разбудил сите околни станари.

Адвокатот на мажот, кој му го одсекол пенисот на силувачот, рекол дека неговиот клиент изгубил контрола.

„Сопругот изгубил контрола. Не бил свесен што прави“.

Како што се наведува, тој може да добие поголема казна затвор од силувачот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата