ЗАЕВ СИ ЗАМИНУВА, друг ќе ја води владата 100 дена до избори

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАЕВ СИ ЗАМИНУВА, друг ќе ја води владата 100 дена до избори

На прашање на новинар: Имаше шпекулации дека ќе си поднесете оставка што со оваа прес конференција и одлуката се покажа дека не се точни. Прашањето е кога ќе поднесете оставка, не поради Брисел туку поради пржинските одредби за влада?, Заев одговри

-Јас немам право да се откажам да се борам. Јас како и Вие и нашиот народ ја сакаме нашата земја. Нашиот народ е тој, што на крајот ни дава мандат и ваква чест да водиме. И тој ќе одлучи дали ќе одиме по тој пат, ако продолжуваме по тој пат јас ја барам и честа и мандатот., и цел и чист и отворен за да проложиме да одиме по тој пат. За да продолжиме да одиме по тој пат. Не сме сјајни, имаме грешки, но нема друг пат.

Се друго е ќорсокак, се друго е крив пат. Се друго е нешто што 27 години се вртевме во круг. Нема друг пат. И затоа какви и мисла да поминаа низ мене, видовте јас оставив да преспие денот вчера, се консултирам со пријатели, експерти, коалициони партнери, другари, народот наш во комуникацијата, и ја донесов одлуката. А истовремено за моето повлекување, како законот предвидува тоа ќе го почитуваме.

Јас сум тој што барал пржинска влада и таа е впишана во законот. Причината е за да сите учесници во изборниот процес имаат доверба во процесот. Предвидено е во законот и ние тоа ќе го почитуваме, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето на Соња Николовска од Телма.

Што се однесува до датумот на предвремените избори Заев тврди дека не е планиран и дека итој ги слушнал шпекулациите за декември, март или април, но одлуката ќе биде донесена од страна на партиските лидери на средбата закажана за утре кај Претседателот.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата