Револуцијата почнува од најголемиот

Фолксваген се коцка на се или ништо: Бензин и дизел уште само шест години, потоа VW само на струја

8.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фолксваген се коцка на се или ништо: Бензин и дизел уште само шест години, потоа VW само на струја

Ако Volkswagen го спроведе амбициозниот план да стане глобален лидер во производство на електрични возила (EV), тоа ќе биде благодарение на радикални и ризични речиси коцкарски потези кои се резултат од најголемата измама во историјата, пишува Ројтерс во својата анализа.
Германскиот гигант ја стави својата иднина на се или ништо - во мрежата предивици со инвестирање 80 милијарди евра за да го направи масовното производство на електрични возила профитабилно, ризик што никој друг производител не го направил досега.


Од Тојота како голем пионер во бизнисот сите големи произведувачи на електроавтомобили инвестираа во оваа технологија како спореден бизнис, со загуби за да ја развиваат технологијата, а парите за инвестирање доаѓаа од производството на класични автомобили. Купувачите во меѓувреме најчесто ги избегнуваа електричните возила, бидејќи се премногу скапи, а може да бидат проблематични и за полнење поради лошата автономија на батериите. Фолксваген реши да се коцка, и оди воцелосен ризик - ќе постапува обратно, парите ќе одат во развој на електроавтомобили а класичните ќе бидат во функција како спореден проект.

Најголемата промена на стратегијата на Фолксваген во последните 80 години од своето постоење се случи на состанок кој се одржа во гостилницата Rothehof во Волфсбург на 10 октомври 2015 година.

На средбата која беше предводена од страна на тогашниот шеф на брендот VW Херберт, деветмина од генералните менаџери се собраа за да разговараат за иднината откако регулаторните агенции открија измама од Фолксваген во објавените тестови кои покажува недозволена емисија на штетни гасови од нивните возила, скандал по кој компанијата загуби речиси 30 милијарди евра поради парични казни и уривање на своето престижно име .


Само три дена по тој состанок компанијата Фолксваген тргна во дотогаш невиден ризик кога е во прашање севкупната автоиндустрија во светот. Реши да стави крај на предизвиците и ризикот на зависност од оценки на регулаторни комисии за издувните гасови од нивните класични мотори во автомобилите и да издвои фантастични 80 милијарди евра за целосен развој на електроавтомобили и, како врв на се, за развој на мобилни полначи на автомобилите кои би се дистрибуирале низ Европа за електроавтомобилите да имаат доволен број места за полнење.

Со тоа најголемиот криминалец во измамите со квалитетот на издувните автомобилски гасови казнет со 30 милијарди евра реши да стане лидер во производството на електроавтомобили и, според експертите, Фолксваген има реални шанси тоа и да го оствари. Планирано е производството на електроавтомобили од 40.000 во 2018-та да се крене на 3.000.000 во 2025 година.

Според пресметките, во 2020 година ќе се појават 1.400.000 електроавтомобили кои, според сегашните услови пазарот неможе да ги купи, и тоа е ризик на се или ништо за Фолксваген кој со развој на локални елктро полначи од свое производство поставени низ Европа ќе се обиде да ја смени сегашната слика. Патем, Фолксваген планира да го запре развојот на автомобили со бензински и дизел погон веќе во 2026 година!

По аферата со лажни податоци за издувните гасови Фолксваген доби ново раководство.Херберт Диес, шефот на овој голем електропроект кој пристигна од БМВ за да помогне во развојот на револуционерното електрично возило, беше назначен за извршен директор на целата група на Фолксваген, мулти-бренд империја која ги вклучува Audi, Porsche, Bentley, Seat, Škoda, Lamborghini и Ducati.

Производителите на автомобили досега не успеаја масовно да произведат електрични возила на профитабилен начин, главно поради прекумерната цена на батериите кои сочинуваат 30-50% од цената на електричното возило.

Батеријата која обезбедува автономија од 500 километри чини околу 18.000 евра, во споредба со бензински мотор кој чини околу 5.000 евра. Ако се додат на тоа уште 2.000 евра за електричен мотор и инвертер, разликата е уште поголема.



Дури и најевтиниот автомобил на Tesla, Model 3, се продава во Германија по почетна цена од 55.400 евра, далеку под цената на основната за Porsche Macan, компактен и рескпектибилен SUV. Во САД, цената на Тесла моделот 3 започнува со 37.000 евра.

VW верува дека нивниот план ќе им даде предност во создвање на електрично возило кое ќе чини не повеќе од сегашниот модел на Golf, цена која изнесува околу 20.000 евра, користејќи ја својата моќ како најголем светски производител на автомобили за да ги намали трошоците и да го освои електропазарот пред сите други.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата