ПЕС ја повикаа ЕУ да го направи одлучувачкиот чекор

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЕС ја повикаа ЕУ да го направи одлучувачкиот чекор

Претставниците на ПЕС ја повикаа ЕУ да го направи одлучувачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите што ќе значи признание за реформите, но и порака до регионот дека тешките одлуки се влог во подобра иднина, соопшти премиерот Зоран Заев преку „Фесјбук“.

Ако ЕУ го загуби кредибилитетот во регионот тогаш се отвора простор за влез на трети страни кои не се залагаат за демократски вредности. Досега реформите во Северна Македонија се завршени 100%, а поддршката за ЕУ во земјата е се уште е на високи 83% од граѓаните, напиша Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата