Еднојајчани близнаци станаа татковци во ист ден

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еднојајчани близнаци станаа татковци во ист ден

Пат и Пол Јанг не се само посебни што се идентични близнаци, туку и затоа што и двајцата станаа татковци ист ден.

Новопечените татковци не го испланираа ова, ниту пак тоа е можно. Освен тоа, Пат дури и не знаел дека неговиот брат се обидува да зачне дете со сопругата. „Ешли и јас се обидуваме да добиеме бебе веќе една година, но немаше резултати. Ние дури и не знаевме дека и тие се обидуваат“, рече Пат.

Пат и Ешли станаа родители на момче на кое му дадоа име Џек Тод, додека во другата болница Пол и неговата сопруга Фелисија добија момче, Купер Кенет.

„Докторот рече дека веројатно ќе биде потребен царски рез. Се надевав дека нема да се случи. Породувањето почна околу 9. Додека се наближуваше крајот, сите гледаа кон часовникот“, рече Фелисија.

Едно лице беше особено среќно, а тоа беше бабата Тами. Таа на истиот ден пред 30 години ги роди своите синови. „Дури и во најлудите соништа не би помислила дека ќе добијат синови на истиот ден“, вели баба Тами. Бабата трчала од болница до болница за да биде присутна за двајцата синови на важниот момент.

-Кога Пат ја напиша пораката „Одиме во болница“, Пол му одговори,„ Веќе сме тука “, раскажува сопругата Фелисија.

Татковците сакаат нивните деца да бидат во добри односи, како што биле нивните, и тоа секако ќе придонесе за идните заеднички родендени.

„Тие ќе имаат заеднички роденденски забави. Мислам дека ќе биде забавно децата да растат вака, барем додека не станат постари“, вели Ешли.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата