(Видео) Покојникот се јавил од ковчегот, ожалостените се насмеале до солзи

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Покојникот се јавил од ковчегот, ожалостените се насмеале до солзи

Пријатели и роднини се собрале во ирскиот град Килкени за погребот на Шеј Бредли (62), ветеран на ирската војска. Додека тажната поворка го гледала спуштањето во гроб на неговиот ковчег, со звуците на гајдите, слушнале гласно чукање.

„Здраво, здраво? Пуштете ме надвор, каде сум“, одеднаш се слушнал гласот на Бредли. Изгледало како да доаѓа од затворениот ковчег.

„Пуштете ме да излезам! Овде е темно!“ тој продолжил да вика.

Потоа почнал да пее, „Здраво, здраво повторно. Се јавив само за да кажам збогум!“

Неговите најблиски тогаш почнале да се смеат. За разлика од другите учесници во поворката, тие знаеле дека станува збор за аудиоснимка што Шеј ја снимил една година пред да умре. Неговата последна желба била да се пошегува со пријателите, кои по првичниот шок си отишле од погребот со насолзени очи од смеа.

„Тој сакаше неговата сопруга да не жали многу, туку да ѝ предизвика насмевка на лицето. Неговата порака беше дека треба да се прослави неговиот живот, а не да се тагува“, изјавила неговата ќерка Андреа за „Хафпост“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата