Се појавија ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ на момчето што ДЕВЕТ ГОДИНИ ВО ПОДРУМ чекал крај на светот

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се појавија ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ на момчето што ДЕВЕТ ГОДИНИ ВО ПОДРУМ чекал крај на светот

Медиумите во Холандија ги објавија првите фотографии од 25-годишно момче, кое заедно со семејството поминале девет години во подрум, чекајќи го крајот на светот.

Според локалната полиција, во изминатите девет години, Јан Зон ван Дорстен живеел во скривница, подрум во куќа во Руинерволд, 90 километри северно од Амстердам, сè додека не се појавил во бар во неделата, нарачал пет пива и рекол дека не може да се врати дома.

Наскоро сопственикот на барот ја повикал полицијата која отишла во оддалечената област каде се наоѓала неговата куќа. Тие во подрумот ги нашле четворица: сестрите на Јан, меѓу 18 и 25 години, неговиот татко и уште едно машко. Семејството било однесено на безбедно место додека австриецот Јозеф Б (58) е задржан во притвор, пренесува Дејли Меил.

Инспекторите признале дека сè уште немаат одговори на клучни прашања околу случајот - како на пример дали членовите на семејството останувале во подрумот против нивната волја и каква била точно нивната врска со Јозеф Б.

Мистеријата се надополнува со фактот дека Јан, најстариот син, има пристап до социјалните мрежи и е активен на Фејсбук од јуни годинава. Неговиот профил покажува редовни натписи до 2010 година, кога тој објавил дека се преселил во Руинерволд, селото во кое се наоѓа куќата.

Потоа, тој не напишал ништо до јуни годинава, кога одеднаш се реактивирал и напишал дека работи како директор на онлајн продавницата во Креконат, лоцирана во Мепел, село на околу 6 километри оддалечено од Руинерволд.

Во саботата тој објави три фотографии од обележја околу Руинерволд, кои се направени во темница. Инспекторите веруваат дека тој тоа ги снимил додека одел кон барот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата