Касами: Ако не добиеме датум, оваа влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Касами: Ако не добиеме датум, оваа влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави дека ако државата не отпочне преговори со Европската Унија, владата треба да даде оставка и веднаш да се распишат предвремени избори.

Ние како Беса се надеваме дека ЕУ ќе се надмине себеси и во интерес на граѓаните на Македонија што поскоро, односно пред Нова година, земјата ќе добие датум за преговори. Доколку државата не добие датум, тоа го кажа и самиот премиер, ова Влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори – рече Касами.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата