Меѓаши предлага форми на образование надвор од традиционалниот систем на училиштето

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меѓаши предлага форми на образование надвор од традиционалниот систем на училиштето

По последните настани во врска со уписите и почетокот на тековната учебна година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, изразува загриженост поради фактот што денес има деца кои би требало да бидат прво одделение, а се уште се надвор од образовниот систем поради непримени вакцини согласно календарот за имунизација.

Првата детска амбасада Меѓаши, апелира до Владата да го преиспита заклучокот донесен на 135-та седница оддржана на 14 мај 2019 година, каде во точка 32 заклучува: “(1) Во било кое училиште можат да се запишат исклучиво деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда“ понатаму: “(2) Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација“.

„Детската амбасада Меѓаши укажува дека со горе наведените заклучи а особено со првиот заклучок цитриран погоре, врши и поттикнува директна дискриминација по основ на законот за основно образование каде децидно е забележано во Член 5: “(1) Во основното воспитание и образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување по основ на пол, раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, попреченост, род, сексуална ориентација, родов идентитет, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, други видови уверувања, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба и општествен статус или која било друга основа која е предвидена со закон или со меѓународен договор ратификуван согласно Уставот, во остварување на правата од основното образование.

Понатаму, со заклучокот број 2, донесен на гореспоменатата седница, создава услови на конфузија помеѓу образовната управа задолжена да постапува по пријави за упис на деца во градинка и училиште како и меѓу родителите“ се вели во соопштението на Детската амбасада Меѓаши.

Заклучокот, според Детската амбасада е нејасен и како таков дозволува слободно толкување од страна на воспитно образовната управа при постапување по индивидуалните пријави за упис на деца, што, како што велат, е евидентна состојба денес каде имаме деца кои се невакцинарни и запишани и деца кои се се уште незапишани во училиште/ градинка.

„Како резултат на последното, македонското општество се соочува со голем број деца и вон предучилишните установи – градинки, а неодамна и со немил настан каде дете – првоодделенче беше директен сведок на употреба на сила при неговото отстранување од училишниот простор заедно со неговиот родител, исклучиво заради конфузијата која е предизвикана како дејствие поттикнато од втората точка на заклучокот на горенаведената владина седница“ се наведува од Детската амбасада.

Детската амбасада Меѓаши покрај овој апел, укажува дека во светот веќе долги години постојат и функционираат форми на образование надвор од традиционалниот систем на институција – училиште. Според Детската амбасада, денешните можности кои ги нуди комуникациската технологија, дозволуваат децата кои имаат пред се, право на образование, истото да го добијат на друг и веќе користен во развиените земји, начин.

„Ја поттикнуваме Владата, со цел почитување на правото на најдобар интерес на детето, да ги разгледа опциите како што се: учење од дома (homeschool), учење на далечина (distance learning) и други форми на образование актуелни во светот, кои и тоа како ќе олеснат и ќе обезбедат соодветно образование признаено во светски рамки за деца и младинци кои имаат потреба од нетрадиционална форма на образование.

Меѓаши стои на располагање за соработка со Владата и надлежните институции, прашањето за алтернативните начини на образование да се актуелизира на ниво достојно на важноста на темата – право на најдобар интерес на детето и правото на образование“ се додава во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата