Околу два милион шведски државјани се родени во странство

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Околу два милион шведски државјани се родени во странство

Според ново објавената статистика, заклучно со 2019 година речиси 20 отсто од шведското население, или секое петто лице, се родени надвор од земјата, што е нов рекорд, пренесува шведскиот радиодифузер СВТ.

Вкупно 1.960.000 родени во странство сега живеат во Шведска каде што бројот на странски жители е речиси удвоен помеѓу 2000 и 2019 година.

Најчеста земја на потекло за мигрантите од 2000 до 2015 година е соседна Финска, но од екот на кризата со мигрантите, Сиријците ги надминаа финските имигранти и остануваат најбројни според земјата на потекло.

Ирачките мигранти, исто така, бележат пораст од 2000 и од август 2015 година ги заменија Финците на второто место по Сиријците. Заклучно со август годинава, имало 190.209 мигранти родени во Сирија, 145.602 Ирачани и 145.487 Финци.

Кога се анализираат мигрантите според пол, 65 отсто од вкупниот број авганистански мигранти се мажи, додека Тајланд има најголем удел кај жените-мигранти со 78 отсто од вкупниот број.

Општината Боткирка има најголем удел на жители родени во странство со 42,1 отсто, а по нив следат Хапаранда и Содерталје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата