САД извршиле сајбер напади врз Иран по нападите на саудиски „Арамко“

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД извршиле сајбер напади врз Иран по нападите на саудиски „Арамко“

Анонимни американски извори тврдат дека Вашингтон спровел компјутерска операција против Иран по нападите врз објектите на саудиски „Арамко“ за кои беше обвинет Техеран, пренесува Ројтерс.

Тие тврдат дека операцијата се случила кон крајот на септември и ја имала за цел способноста на Техеран да шири пропаганда. Еден од нив изјави дека нападот влијаел врз физичкиот хардвер, но не дал дополнителни детали.

Белата куќа сè уште не ги коментираше овие информации.

Во раните утрински часови на 14 септември, беспилотно летало ги нападна објектите за преработка на нафта на „Арамко“, Абкакик и Кухарис, принудувајќи ја националната нафтена компанија да ги затвори. Ова резултираше во намалувањето на дневното производство на нафта во Саудиска Арабија на половина.

И покрај тоа што јеменското движење Хути ја презеде одговорноста за нападите, САД и Саудиска Арабија ја фрлија вината врз Иран. Техеран негираше каква било вмешаност во инцидентот и ги обвини САД и нивните сојузници дека се префрлаат од политика на максимален притисок на политика на максимални измами.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата