Каракачанов: Зошто Македонците го слават 11 октомври, а не 20 април 1941 кога се ослободени од бугарските војски?

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каракачанов: Зошто Македонците го слават 11 октомври, а не 20 април 1941 кога се ослободени од бугарските војски?

Компромиси нема да се прават, изјави вицепремиерот Красимир Каракачанов коментирајќи го заседанието на бугарско-македонската комисија за образовни и историски прашања во Охрид, јавува БНР.

Запрашан дали спорот за Гоце Делчев, кој го блокира постигнувањето напреок, има шанси да биде надминат, тој одговори:

Како нема, инаку ќе стојат во ходник и ќе чекаат. Никогаш нема да се согласам со фактот да направиме компромис со бугарската историја во името на тоа, скопските политичари да одат и да ми се перчат во Брисел и да прават Европејци. Единаесети октомври е национален празник во Северна Македонија. И што празнуваат на  11 октомври? Востанието против „бугарскиот фашистички окупатор“. Добро де, но зошто не го празнуваат 20 април 1941 година, кога не 20 дечиња со парола „Да живее Црвената армија“, туку целиот народ во Македонија со леб и сол и со црковни камбани ги пречекуваше бугарските војски? Значи, тие не го празнуваат денот кога сме ги ослободиле од српското ропство со кое им беа сменети имињата. Им забрануваа да се нарекуваат не само Бугари, туку и Макеонци им забрануваа да се нарекуваат. Што има да коментираме дали ќе правиме компромиси?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата