Цеца ќе стане баба!

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цеца ќе стане баба!

Светлана Цеца Ражнатовиќ е пресреќна бидејќи ќе стане баба. Нејзиниот син Вељко чека бебе со свршеницата Богдана.

„Среќна сум“, рекла Цеца  за српските медиуми и така ја потврдила веста дека ќе стане баба. Вереницата на Вељко е во вториот месец од бременоста. 

„Пресреќна сум, ова е убава вест за моето семејство. Се радувам. Не верував кога Вељко ми соопшти, а потоа емоциите се мешаа. Не умеам да го опишам ова чувство, се уште сум во еуфорија. Снашката ќе ја чувам повеќе од вообичаено, за новиот член да ни стигне во радост и веселба...“, напишала Цеца на Инстаграм.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата