И Британија го ратификуваше Протоколот за НАТО

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Британија го ратификуваше Протоколот за НАТО

По Италија, денеска и во Велика Британија заврши постапката за ратификација на Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО.

Во Велика Британија, постапката за ратификација на Протоколот почнува од владата, а завршува во парламентот. Веста дека и Велика Британија го ратификува Протоколот, исто така ја пренесе министерката за одбрана Радмила Шекеринска  преку социјалните мрежи.

-Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме – напиша Шекеринска.

И британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб напиша на твитер дека е завршена ратификацијата на Протоколот за Северна Македонија.

-Се радувам на приклучувањето на мк. на НАТО-фамилијата и на учеството на состанокот на НАТО-лидерите во Лондон, заради промоција на меѓународните мир и безбедност – напиша Раб.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата