Ивица Дачиќ: Земјите од регионот имаат иста иднина, треба да се држат заедно

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ивица Дачиќ: Земјите од регионот имаат иста иднина, треба да се држат заедно

Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека регионот на Западен Балкан ја има истата иднина, дека треба да дејствува заедно за да се обезбеди мир и стабилност и дека младите луѓе, лишени од минатото, имаат значајна улога во обезбедувањето подобра соработка.

На конференцијата посветена на проектот „Подобрување на дијалогот и социјалната кохезија во и меѓу БиХ, Црна Гора и Србија“, спроведена од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, која го започнува годинашниот белградски Форум за безбедност, Дачиќ рече дека трите земји се пријателски расположени и дека младите луѓе, кои немаат негативен бекграунд и кои се лишени од проблемите создадени кога постојано се гледа назад, конечно може да погледнат напред.

„Интересот на сите нас треба да биде нашите земји да соработуваат подобро, да бидеме заедно, да градиме блок“, рече Дачиќ, додавајќи дека честопати се случува на состаноците низ целиот свет земјите да се напаѓаат една со друга наместо да застапуваат заеднички интереси и да се поддржуваат една со друга.

„Мислам дека вие кои сте млади имате интерес регионот да биде регион на мирот и стабилноста и подобра иднина за сите“ рече тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата