Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи Конзорциумот на приватни превозници, и со него се возел низ градот.

Возачите брзо забележале дека нема автобус, повикале полиција и крадецот бил фатен. Никој не сакал да зборува за овој пропуст на возачот на линијата 59, освен да потврди дека тоа  навистина се случило. Според некои информации, станува збор за момче кое им било познато на возачите, поточно „кое сакало да се дружи и да разговара со возачите на јавниот превоз“.

„Недалеку од стадионот на Црвена звезда видов паркиран автобус 59. Малку се изненадив што беше паркиран, но повторно не ми беше премногу чудно бидејќи сите линии беа нарушени поради протестите. Но, ми беше чудно кога истиот автобус, за кој знам кој беше неговиот возач, го видов како ме заобиколува кај ‘Драгиша Мисовиќ’. Зад воланот не беше мојот колега, туку овој младич“, вели за „Политика“ возач на автобус кој сакал да остане анонимен.

Не е познато точно колку лица имало во автобусот за време на кражбата затоа што кружеле разни информации, почнувајќи од тоа дека имало само една повозрасна жена па до тоа дека имало неколку врсници на малолетниот крадец.

Седумнаесетгодишниот С. Б. е уапсен од полицијата под сомнение дека украл градски автобус и со него се возел низ Белград.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено користење на туѓо возило.

За среќа, сè се завршило без сериозни последици, особено ако е точна информацијата дека зад воланот било момче без возачка дозвола!

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата