На Косово уапсен полицаец кој се поврзува со убиството на Оливер Ивановиќ

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Косово уапсен полицаец кој се поврзува со убиството на Оливер Ивановиќ

На Косово е уапсен полицаец кој се поврзува со убиството на Оливер Ивановиќ. Косовската полиција соопшти дека полициски службеник е уапсен во акција во северно Косово во врска со пукањето на лидерот на Иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ, како и уште еден осомничен кај кого е пронајдено оружје.

Како што се наведува во соопштението, полициската акција е спроведена врз основа на налог за претрес издаден од Основниот суд, што резултирало во апсење на осомничениот полицаец (Р.Б.).

„За време на полициската операција, друг осомничен е уапсен кај кого е пронајдено оружје“, се наведува во соопштението.

Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата