Берлин ќе го удвои данокот на кратки летови

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Берлин ќе го удвои данокот на кратки летови

Официјален Берлин планира да го удвои данокот на кратки летови, како дел од програмата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, велат од германското Министерство за финансии.

Зголемувањето е над очекувањата и е дел од германскиот климатски пакет мерки, кој има за цел земјата да биде неутрална до 2050 година, кога станува збор за емисии на јаглерод диоксид.

Данокот на домашните и летовите во рамки на ЕУ, според информациите, ќе се зголемат од 7,50 на 13,03 евра, од 23,43,3 на 33,01 евра за летови со средна далечина и од 42,18 евра на 59.43 евра за долги релации.

Германија би можела да очекува прилив од зголемувањето на даноците од речиси 740 милиони евра по влегувањето во сила на новата регулатива во април, следната година.

Стекнатиот приход ќе се користи главно за финансирање на даночни олеснувања за возни билети.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата