Љиља Петровиќ 12 години по смртта на Тоше: Јас Тоше го носам во срцето и немам потреба тие сеќавања и чувства да ги делам

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Љиља Петровиќ 12 години по смртта на Тоше: Јас Тоше го носам во срцето и немам потреба тие сеќавања и чувства да ги делам

Денес се навршуваат 12 тажни години од трагичната смрт на најголемото домашно музичко име на сите времиња - ТОШЕ ПРОЕСКИ. Смртта на Тоше, кој животот го загуби во тешката сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска, се уште предизвикува внимание и се плетат разно-разни приказни, а болката и денес е со истиот интензитет. Тоше животот го загуби кога неговото возило, во кое беше со возачот и менаџерката Љиљана Петровиќ се заби во задниот дел од камион, патувајќи кон Загреб каде требаше да гостува во една ТВ-емисија. 

По смрттна на Тоше, Петровиќ комплетно се повлече од јавноста, а неодамна ги демантираше шпекулациите дека повторно почнала да работи како менаџер на млад пејач. Таа во интервју за босанскиот магазин „Азра“ проговори по долг молк и целосна повлеченост од медиумите. Љиља откри и како изгледа нејзиниот живот по смртта на Тоше.

- Последните години се обидувам да научам достоинствено да се носам со тагата, да бидам подобар човек отколку што сум. Многу работам и се трудам моите дела да зборуваат за мене, вели Лилјана во интервјуто и додава: - Работејќи со Тоше сите тие години, научив да се носам со лоши луѓе, со невистини кои ни тогаш не не штедеа, па не ме изненадува ни што се случуваше по неговото заминување. Разбирам дека тоа е огромна загуба, голема болка, ама не разбирам притоа да не ја почитуваат и туѓата болка. Се чувствував како давеник во море кој сите го туркаат надолу само за тие да дојдат до здив, за ним да им биде полесно. Тагата и болката што јас ги доживеав можат да се споредат само со тагата на неговото семејство, бидејќи само нивната болка е поголема од мојата.

Петровиќ вели и дека нема потреба да оди во Крушево.

„Јас Тоше го носам во срцето. Тие сеќавања и чувства се само мои и немам потреба да ги делам, како што немам потреба ни да бидам видена во Крушево, ни каде било на друго место што би дало повод за пишување шпекулации“, вели Љиља, која веќе некое време има плантажа со лаванди, тоа е работата на која и се посвети по смртта на Тоше.

Органската плантажа се простира на повеќе од 27 хектари, со што е една од трите најголеми плантажи во Европа роден крај, и се наоѓа на Сува Планина кај Бела Паланка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата