Ученик фрлил солзавец во училиште, четворица средношколци во болница

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ученик фрлил солзавец во училиште, четворица средношколци во болница

Загрепската полиција бара непознат ученик кој завчера попладне фрлил солзавец во средно економско училиште во Загреб. Поради дејството на солзавецот, четворица ученици и ученички добиле лекарска помош во болница, а еден од нив рекол дека во училиштето не можело да се дише од солзавецот што го фрлил непознатиот ученик.

Солзавецот бил фрлен во машкиот тоалет, за време на втората смена во училиштето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата