Новиот Honor 20 Lite ќе има AMOLED екран

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот Honor 20 Lite ќе има AMOLED екран

Вчера се појавија информации дека новиот Honor 20 Lite треба да биде претставен денеска, но се испостави дека станува збор за грешка во преводот. Компанијата сега го објави точниот датум на лансирање на уредот, заедно со фотографија од смартфонот во син градиент.

Honor 20 Lite официјално ќе пристигне на 22. октомври. Телефонот нема да има сензор за отпечатоци од задната страна – сензорот ќе се наоѓа на предната страна, под AMOLED екранот.

Новиот Honor 20 Lite ќе се разликува од глобалниот модел Honor 20 Lite модел (се продава во Кина како Honor 20i) и ќе биде еден од ретките уреди од понудата на подбрендот на Huawei, кој пристигнува со панел, што не е LCD.

Останатите спецификации на телефонот го вклучуваат чипсетот Kirin 810, до 8 GB RAM меморија и 256 GB простор за складирање. На задната страна се наоѓаат три камери, од кои главната има сензор од 48 MP. Предниот панел има големина од 6,3 инчи, Full HD+ резолуција и невообичаено долг однос на страници.

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата