Клековски: Нема ДАТУМ? ОСТАВКА НА ВЛАДАТА и предвремени избори (ВИДЕО)

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клековски: Нема ДАТУМ? ОСТАВКА НА ВЛАДАТА и предвремени избори (ВИДЕО)

Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка Сашко Клековски смета дека доколку одлуката на Франција остане иста до петок, за да нема почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ, треба да веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори за Македонија да не влези во ситуација на ќорсокак.

- Сметам дека треба да имаме предвремени парламентарни избори. По неиполнувањето на стратешката цел, потребна е веднаш оставка од владата и предвремени избори, но откако ќе се донесе закон за Јавно обвинителство, а ЈО да покрене обвиненија за сите случаи на висока корупција. Да не влеземе во еден циклус на повторување на ситуацијата од Букурешт. Ако има НЕ во овој случај, мислам дека треба да одиме на избори за да избегнеме едно такво лизгање надолу, вели Клековски при вечерашното гостување во емисијата Отворено на телевизија 24.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата