ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после брегзит

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после брегзит

Функционери од Европската Унија кои имаат пристап до информациите за преговорите за брегзит велат дека најголемата препрека за постигнување договор е речиси решена.

Преговарачите на ЕУ и на Велика Британија разговарале во Брисел за да постигнат договор за брегзит кој е закажан за 31 октомври. Целта е Велика Британија тогаш да ја напушти Унијата со договор.

Функционерите наведуваат дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барни, рекол дека Ирското Море воглавно би било царинска граница меѓу ЕУ и Велика Британија. Така би се избегнала видлива копнена граница на ирскиот остров, но Северна Ирска би ја ставило во посебна положба.

Тие додале дека разговорите се активни и дека траат и дека сè уште е можен позитивен резултат.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата