Николоски: По недобивањето датум - оставка на Заев и итни предвремени избори

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: По недобивањето датум - оставка на Заев и итни предвремени избори

Одлуката на Советот на министри на ЕУ да не даде датум за почеток на пристапните преговори со Македонија покажала оти залудни биле сите отстапки што владата на Зоран Заев ги даде на соседите, кога не направи никакви суштински реформи што ги бараше Европа, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за лидер.

Како што истакна Николоски, тоа покажува дека оваа влада е неспособна да ја води земјава на европскиот пат и затоа се неопходни итни предвремени избори на коишто ќе се избере нова влада, што посветено ќе работи на тоа да се надомести загубеното време.

– Жалната вистина е дека во октомври 2019 година, со променето име и со лош договор со Бугарија владата на Заев не успева да добие ниту датум за почеток на преговорите, а камоли да почне преговори. Затоа, овие мои прогнози, што за жал се остваруваат, може да водат само кон едно, а тоа е оставка на владата на Заев веднаш и брзи предвремени избори на коишто ќе дојде до промена на владата. Ќе дојде една влада на ВМРО-ДПМНЕ, способна и посветена влада која ќе се обиде барем следната година да почнеме преговори за членство во ЕУ и да не изгубиме уште една година – изјави Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата