Само десничарите дадоа поддршка, скептични се држави кои имаат левичарски премиери, против е држава која има премиер либерал (ВИДЕО)

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Само десничарите дадоа поддршка, скептични се држави кои имаат левичарски премиери, против е држава која има премиер либерал (ВИДЕО)

- Зоран Заев е од левицата. Во овој момент скептични се држави кои имаат левичарски премиери, против е држава која има премиер либерал, а ЛДП е коалиционен партнер на СДСМ.

Единствени кои поддржуваат се десничарските партии, односно од ЕПП каде припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ. Жозеф Дол е единствен претседател на европска партија кој испрати писмо за поддршка за определување датум за Македонија. Нити социјалистите испратија, нити либералите испратија.

Ангела Меркел до последен момент го убедуваше Макрон, таа премиер на најголемата сила во ЕУ од ЕПП, Виктор Орбан е од ЕПП, четворката од Вишеградската група која вчера испрати писмо: Унгарија, Чешка, Полска и Словачка се членови на ЕПП или на конзервативците. Фактички единствени кои лобираат Македонија да добие датум се пријателите десничари на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние направивме и повеќе од што можеме, но тие не можат да ги затворат очите дека имаат работа до корумпирана банда, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, коментирајќи ја одлуката дека земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Македонија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата