Заврши одморот - КРИСТИНА МАНДАРИНА се врати на работа! Пак си е меѓу своите овошки

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши одморот - КРИСТИНА МАНДАРИНА се врати на работа! Пак си е меѓу своите овошки

Кристина Пенева, продавачката на мандарини позната по надимакот Кристина Мандарина, се врати на она што ја лансираше во јавноста. Кристина повторно продава мандарини пред трговскиот центар во Бестовије, во близина на Загреб.

По краткиот одмор и патувањето во Белград, Кристина вели дека со „полни батерии„ се враќа на својата работа.

„Одлучив да се одморам неколку дена, а и пред тоа излегував во Белград. Луѓето и друштвото се океј, затоа ми требаа неколку дена таму. Еве сега, сум повторно овде“, изјавила Кристина за хрватските медиуми.

Идни планови нема, но признава и дека не очекувала голема популарност која ѝ се случи изминативе денови.

„Не го очекував тоа, ниту имав кога да размислувам на тоа. Ете, драго ми е што луѓето го препознаа мојот труд“, вели Кристина.

Повторно докажала дека мандарините на нејзиниот штанд се најслатки, но и дека нема проблем да популаризира друго овошје.

„Па, секако, зошто да не. Сакам да работам со овошје“, рекла Кристина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата