Xiaomi повторно ја стартува својата Mi Note серија смартфони

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi повторно ја стартува својата Mi Note серија смартфони

Еден од најпознатите дојавувачи на Twitter, Ice Universe се враќа со ново предвидување, кое овој пат се однесува на кинеската компанија Xiaomi.

Ice Universe наведува дека кинеската компанија размислува да ја обнови својата Mi Note линија паметни телефони со новиот модел Mi Note 10, кој се очекува да се појави на пазарот подоцна овој месец. Mi Note беше серија на смартфони, која може да се смести во високата средна класа, а последниот модел беше претставен пред две години (Mi Note 3).

Бидејќи Xiaomi неодамна ја промени стратегијата во однос на своите уреди и ги подели телефоните на финансиски поприфатливи во рамките на Redmi брендот и флегшип модели застапени во рамките на Mi брендот, оваа информација за повторно покренување на Mi Note засега треба да се гледа само како непотврдена гласина.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата