Девојчето што ја расплака Србија: Хелена мисли дека е МОДЕРНО да и паѓа косата - не знае дека има тумор

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девојчето што ја расплака Србија: Хелена мисли дека е МОДЕРНО да и паѓа косата - не знае дека има тумор

Хелена Гавран е девојчето кое успеа да ја расплаче Србија.Таа има само четири години и боледува од тумор на мозокот.

Хелена замина на првиот циклус операции и хемотерапии во Париз. Лекарите се надеваат дека процесот ќе биде успешен но оти е потребно многу време и пари. Целиот оперативен третман може да чини и до 500.000 евра.Затоа родителите на девојчето апелираат за помош која им е најпотребна во овој момент.

Хелена не знае дека боледува од тешка болест па родителите ја лажат дека има вирус. Полека ја спремаат и за она што мора да се случи-а тоа е паѓањето на косата. И велат дека тоа е модерно во Париз и оти сите носат перики.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата