Елтон Џон СТРАВИЧЕН: Мајка ми беше социопат и насилно чудовиште (ФОТО)

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елтон Џон СТРАВИЧЕН: Мајка ми беше социопат и насилно чудовиште (ФОТО)

Биографијата на Елтон Џон предизвика бурни реакции кај фановите, а се уште не е ни службено пуштена во продажба. Објавени се само некои детали од книгите, а во нив може да се прочита и како Елтон се борел со зависност која кај него ја предизвикала неговата мајка или како што тој вели, насилното чудовиште.

Во телевизиската емисија „CBS Sunday Morning” пејачот се осврна и на односот со мајка му која почина пред две години. Познато е како со неа не бил во најдобри односи, а сега откри и зошто.

– Никогаш не го сакаше мојот сопруг Давид и не можеше да не прифати. За среќа, никогаш не ги запозна моите деца бидејќи ќе ги критикуваше како и сите други. Не можеше да пронајде ништо убаво во работите. Таа беше тотален социопат, кажа отворено Елтон.

Исто така, Елтон признава дека токсичниот однос со мајка му го уништил уште во детството толку многу, што воопшто не бил сигурен дали би можел како таков, некогаш да изгради сопствено семејство.

Но се чини дека ги победил своите демони и со својот партнер Давид Фурниш доби два сина, со помош на сурогат мајка. Тие се венчаа во 2014 година, веднаш откако хомосексуалниот брак стана легален во Велика Британија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата