Чола открива: На времето имав понуда да живеам во Германија, ама одбив!

14.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чола открива: На времето имав понуда да живеам во Германија, ама одбив!

Најголемата ѕвезда во поранешна Југославија Здравко Чолиќ открива дека во седумдесеттите години имал понуда да се пресели во Германија и таму да гради кариера. Но, како што рекол, ја одбил понудата бидејќи бил врзан за семејството и вели дека не жали за таквата одлука.

„Не сакав тогаш да живеам во Германија бидејќи се беше неизвесно, а кариерата во Југославија ми одеше одлично, со многу концерти. Беше природно да останам. Фамилијарно бев врзан за Сараево, и денеска би постапил исто. Но денеска пак е можно да живееш на едно место, а да работиш на друго поради технологијата“, вели Чола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата