Стружанец згазил охриѓанец на велосипед!

14.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стружанец згазил охриѓанец на велосипед!

Во текот на вчерашниот ден во 14: 20 часот било пријавено дека во Охрид на бул.„Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Струга удрило во велосипедистот Ј.А.(59) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата