Honor 20 Lite пристигнува на 15. октомври со градиент дизајн

14.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Honor 20 Lite пристигнува на 15. октомври со градиент дизајн

Се подготвува претставување на новиот телефон Honor 20 Lite, кој утре официјално ќе биде промовиран во Кина. Смартфонот веќе се појави на TENAA сертификација, а објавени се и неколку фотографии кои укажуваат на градиент дизајнот на телефонот.

Уредот е заведен со број на модел LRA-AL00 и има процесор 2,2GHz, кој најверојатно ова ќе биде Kirin 810 чипсет. Доаѓа во комбинација со 4/6/8 GB RAM меморија и до 256 GB простор за складирање. Екранот е OLED со големина од 6,3-инчи со резолуција од 2400 x 1800p.

Кога станува збор за kamerite, има главен сензор од 48MP, секундарен од 8MP и сензор за длабочина од 2 MP. Предната камера е 16MP и сместена е во засек со форма на капка.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата