Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива

13.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека ембаргото на оружје за Турција нема да стави крај на офанзивата во Сирија.

„Од почетокот на операцијата се соочивме со закана од економски санкции или ембарго за оружје. Оние кои мислат дека ќе нè принудат да се откажеме, не се во право“, изјави Ердоган.

Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата