ЌЕ СЕ ОДИ НА ПОБЕДА: Вечерва Македонија игра против Полска

13.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ СЕ ОДИ НА ПОБЕДА: Вечерва Македонија игра против Полска

Вечерва со почеток од 20:45 македонската фудбалска репрезентација игра против Полска во многу важен квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2020.

Македонија со висока оценка ја реши задачата против Словенија, но сега следува уште потешка, гостување кај главниот фаворит во група, селекцијата на Полска.
Полјаците со три бода си заминаа од Скопје, но на тој натпревар нашите фудбалери покажаа дека можат да се носат со нив и не заслужуваат да бидат поразени.
Ова ќе биде петтиот дуел меѓу Македонија и Полска, Македонија ниту еднаш нема победено, само еднаш имаат одиграно нерешено, а Полјаците три пати се радувале на триумф.

Со исклучок на неодамнешниот пораз во Скопје, останатите три дуели беа пријателски средби, два пати загубија со три голови разлика 4-1 и 3-0, ремито беше со резултат 1-1.

Добро знаеме против кого играме, шансите ќе бидат големи колку што ние на терен ќе се избориме. Не е важно против кого играме туку за што играме, а ние играме за нешто големо. Можат се да ни оспорат, ама не може да ни ја скратат борбата за националниот тим, за својата земја, за себе. Знам дека утре момците ќе дадат се од себе, а дали ќе успееме ќе видиме – вели селекторот Ангеловски.
Фудбалерите на Македонија имаат најтежок распоред од екипите во нашата група кои се борат за втората позиција. Денешниот меч против Полска ќе покаже  дали надежта ќе продолжи до крајот на квалификациите или таа ќе умре уште вечерва.

Ангеловски има проблеми со повреди во составот, се уште е неизвесен Адеми, а дефинитивно отпадна Тричковски. Бејтулаи кој беше суспендиран се враќа, Барди и Велковски поради повреди не се во комбинација за овие мечеви.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата