Huawei Mate 30 Pro во САД и покрај забраната

13.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Huawei Mate 30 Pro во САД и покрај забраната

Huawei Mate 30 Pro, кој се појави на пазарот пред извесно време, се искачи на списокот на најпосакувани телефони, пред се затоа што е опишан како смартфон кој ја има најдобрата камера во моментот. Новиот телефон веќе постигна солидни резултати во Кина, така што се очекува да го надмине Samsung во однос на продадените примероци.

Единствената бариера за уште подобри резултати е црната листа на која Huawei се најде во Соединетите Американски Држави, што значи дека кинескиот производител не е во состојба да соработува со американски компании. Ова, меѓу другото, значи дека уредот дошол со базичен open source Android наместо со Google Mobile Services верзијата со апликации како што се Gmail и Google Maps. Тоа би можело да се промени наскоро, бидејќи администрацијата на Трамп планира да им додели лиценци на одредени фирми за партнерство со Huawei.

Лиценцата нема да важи за сите производители, а се планира Huawei да ги добие само оние елементи, кои не се сметаат за чувствителни. Отворањето нови опции би значело уште поголем успех за Huawei Mate 30 Pro, бидејќи компанијата би стигнала до оној дел од пазарот што недостасува веќе некое време.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата