Австралиските пожарникари се соблекоа за добротворни цели

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралиските пожарникари се соблекоа за добротворни цели

Австралиските пожарникари се соблекоа голи до појас за снимањето на календарот за 2020 година. Покрај секој од нив има и понекое животно, од кученца, мачиња и коњи до домашни и диви животни.

Вакви календари прават уште од 1993 година, и за секое снимање се собираат од цела Австралија, од урбаните области на земјата, од селата, од вооружените и воздухопловните сили како и од корпоративните противпожарни служби.

Снимањето на најновиот календар траело три недели и сите приходи, како и секоја година, одат во добротворни цели.

Од основањето во 1993 година, тие донирале повеќе од 3 милиони долари за разни добротворни организации во Австралија, од оние што се грижат за болни деца па сè до здруженија за заштита на животните.

Тие имаат собрано речиси 2 милиони долари за само пет години, поради сè поголемата медиумска популаризација на она што го прават.

Календарите ги нарачуваат луѓе од целиот свет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата