Брегзит без договор предизвикува и недостиг на тоалетна хартија

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брегзит без договор предизвикува и недостиг на тоалетна хартија

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор може да има сериозни последици по економијата, тоа ќе предизвика бројни недостатоци како и недостиг на тоалетна хартија, за што веќе се зборува во земјата.

Доколку Лондон ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври, тоа би довело до проблеми со основните материјали, јавуваат британските медиуми.

„Тоалетната хартија би можела да стане дефицитарна“, изјави портпаролот на производителот „Есити“ за британски „Дејли мејл“.

Доколку дојде до застој на границата и зголемено купување од страна на граѓаните заради страв од недостиг, може да се појават проблеми со испораката.

„Плановите за снабдување се воспоставени за да се ублажат одредени ризици, но залихите не се неограничени“, велат производителите.

Производителот на тоалетна хартија се обрати пред јавноста откако пратеникот Џонатан Едвардс го праша парламентот дали има резерви на тоалетна хартија во случај да дојде до брегзит без договор со ЕУ.

Одговорниот министер, Симон Харт, рече дека станува збор за „смешен проблем“, повторувајќи дека Лондон се стреми кон напуштање на ЕУ со договор, но дека владата, ако тоа не биде можно, работи на тоа да се овозможи проток на стока во најдобра мера.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата